Младите афирмирани уметници – виолинистот Бојан Илкоски и пијанистот Дино Имери, кои како дуо во изминатите седум години имаа заеднички концерти во земјава и во странство, вечер од 20 часот ќе настапат во камерната сала на Филхармонијата.
Публиката ќе има можност да ја слушне премиерно новата програма која уметниците напролет ќе ја изведуваат низ повеќе европски метрополи, почнувајќи со ексклузивен рецитал на престижниот Љубљана фестивал во Словенија.
На програмата се дела од Кодаи, Дебиси, Крајслер, Виењавски, Изаи, Бацини, К. Петровски/Дамир Имери. Концертот се реализира во соработка со Еуромак и Филхармонија.