Македонската академија на науките и уметностите денеска напладне ќе го промовира изданието „Разговори со Омер Калеши, Скопје – Истанбул – Париз“ од академик Луан Старова.
Промотор на книгата ќе биде акад. Ферид Мухиќ, со поздравно обраќање промоцијата ќе ја отвори претседателот на МАНУ Таки Фити, а ќе се обратат и уметникот Калеши и авторот на книгата Старова.
МАНУ лани во април отвори изложба на дела од сликарот со македонско потекло и светска кариера Омер Калеши, кој пред четири години доби и Медал за заслуги за Македонија од претседателот Ѓорге Иванов.
Омер Калеши е роден во кичевското село Србица во 1932 година. Матурирал во средното техничко училиште во Скопје, а во 1956 година емигрирал во Турција. Во 1965 завршил студии на Ликовната академија во Истанбул. Се преселил во Париз каде што и денес живее и работи. Имал голем број изложби во Македонија и низ светот.