вторник, 6. февруари 2024. Вести денес: 0
home Култура

Музичка „Бајка“ со оркестарот на Филхармонија

Музичка „Бајка“ со оркестарот на Филхармонија

„Бајка“ е насловен концертот кој оркестарот на Филхармонија ќе го одржи овој четврток во 20 часот. Како солистка ќе настапи исклучителната американска виолинистка Естер Ју, а диригент е Чарлс Оливиери Мунро од Малта. На програмата се Концертот за виолина и оркестар од А.Глазунов, симфониската поема „Кампот на Валенштајн“ од Б.Сметана и симфониската суита „Бајка“ од Ј.Сук.

Естер Ју го привлече вниманието на музичката јавност во 2010 година кога стана најмлад добитник на интернационалниот виолински натпревар „Сибелиус“. Во 2012 година беше една од најмладите лауреати на натпреварот „Кралица Елизабета“. Од 2014 до 2106 година беше „Уметник на новата генерација“ на Би-Би-Си, и првиот резидент уметник во Кралскиот филхармониски оркестар. Критиката ја опишува нејзината изведба како неверојатно моќна и драматична.

Естер Ју е исклучителна американска виолинистка која го привлече вниманието на музичката јавност во 2010 година кога стана најмлад добитник на интернационалниот виолински натпревар „Сибелиус“. Во 2012 година беше една од најмладите лауреати на натпреварот „Кралица Елизабета“. Од 2014 до 2106 година беше „Уметник на новата генерација“ на Би-Би-Си, и првиот резидент уметник во Кралскиот филхармониски оркестар. Критиката ја опишува нејзината изведба како неверојатно моќна и драматична. Естер Ју е исклучително софистицирана и интелигентна виолинистка со препознатлив стил на изведба. Почнала да свири виолина на пет години.

„Мојата баба беше пијанистка, но и целото мое семејство сакаше класична музика. Израснав слушајќи различен тип музика уште од бебе. Раните години од детството ги поминав во Њу Џерси, во дел кој е многу блиску до Њујорк, а моите родители ме носеа на извонредни концерти во ‘Карнеги Хол’ и ‘Линколн Центар’ уште кога имав три години.

Седев мирна на овие концерти, маѓепсана од музиката и од она што се случуваше на сцена. Првиот инструмент на кој почнав да свирам беше пијано, кога имав четири години, но набргу потоа посакав да свирам виолина инспирирана од виолинистите кои ги слушав на концертите на кои одев како дете. Бев многу срамежлива како мала, а свирењето виолина ми помагаше да изразам емоции во ‘сигурна зона’“, вели Естер Ју.

Оваа значајна виолинистка вели дека маестро Лорин Мазел бил една од нејзините најголеми инспирации.
„Имав среќа да запознаам и да работам со легендарни музичари кои ми беа најголема инспирација. Маестро Лорин Мазел ми беше голем ментор, тој ме запозна и ме научи како да се носам со предизвиците кои одат рака под рака со музичкиот живот. Маестро Владимир Ашкенази со кого имав можност да снимам два албуми и да свирам на неколку концерти ме научи како да создавам музика и да бидам позитивна и да се забавувам на сцена. Маестро Еса-Пека Салонен е исто така важен во развивањето на мојата музичка визија. Со него имав турнеја и тој ми покажа нови патишта на звукот за кои не бев свесна дека постојат. Генерално најмногу се инспирирам кога директно контактирам со луѓе – без разлика дали разменувам идеи со некој голем диригент, свирам камерна музика со исклучителни колеги, или влегувам во страстни дискусии со луѓе кои немаат допирна точка со музиката“, вели Ју.