Вчера се одржа уште едно неверојатно издание на, „Златна Бубамара на популарноста“.
По 21 пат, македонските јавни личности се собраа на едно место, а широките насмевки на лицата се доказ дека „Златна Бубамара“ повторно им пререди настан за паметење.
За време на 4-часовната забавна манифестација беа доделени 23 награди за најуспешните за 2017 година. Листата на наградени:
- Албум на годината 2017 – Град за љубов, Дани
- Најпопуларен плех оркестар 2017 – Агушеви
- Најпопуларна балканска група – Дубиоза Колектив
- Телевизиски проект на годината 2017 – Пат до успехот
- 70 години јубилеј Светска галерија на карикатури Остен
- Награда за животно дело – Октет Македонија
- Комерцијален видео спот – НЛБ Тутунска Банка
- Мултимедијален уметник – Тијана Дапчевиќ
- Награда за трајни музички вредности – Маја Оџаклиевска
- Животно дело – Дадо Топиќ
- Филм на годината 2017 – Исцелител
- Актерско откритие на годината 2017 – Благој Веселинов
- Актер на годината 2017 – Александар Микиќ
- Најпопуларна ТВ серија 2017 – Фамилија Марковски
- Актерка на годината 2017 – Нина Деан
- Музички видео спот на годината 2017 – Терориста, Слаткаристика
- Интернационален успех 2017 – Марко Маринковиќ Слаткар
- 40 години јубилеј Стоби флипс – Витаминка
- Театарска претстава на годината 2017 – Вардарски пастуви
- Спортски херои – Најпопуларен спортски клуб Р.К. Вардар
- ТВ забавна сатирична емисија 2017 – Фчерашни новости
- Трајни музички вредности – Нови фосили
- Најпопуларна ТВ серија 2017 – Инсајдер
- ТВ емисија на годината 2017 – Еден на еден
- Концерт на годината 2017 – Меморијa
- Мјузикл на годината 2017 – Мама Миа МНТ