![](https://i.imgur.com/wVwG9pe.jpg)
![](https://i.imgur.com/wVwG9pe.jpg)
![](https://i.imgur.com/wVwG9pe.jpg)
![](https://i.imgur.com/wVwG9pe.jpg)
![](https://i.imgur.com/wVwG9pe.jpg)
![](https://i.imgur.com/wVwG9pe.jpg)
На сцената на Националната опера и балет, вечер со почеток во 20:00 часот ќе се одржи Гала оперски концерт на светски познатата оперска дива од Бугарија, Александрина Пендачанска, сопран.
На концертот ќе настапат и солистите: Ралица Богданова (сопран), Зоран Сотиров (тенор), Марјан Јованоски(баритон ) во придружба на оркестарот на Националната опера и балет.
Диригент на оперскиот концерт е Бисера Чадловска, концерт-мајстор: Климент Тодороски.
На програмата, како што информираат од Националната опера и балет, ќе се изведат оперски арии од композиторите: Ј. С. Бах, В. А. Моцарт, Ж. Бизе, Џ. Верди, Џ. Росини, Р. Леонкавало, У. Џордано и др. (МИА)
![](https://i.imgur.com/wVwG9pe.jpg)
![](https://i.imgur.com/wVwG9pe.jpg)
![](https://i.imgur.com/wVwG9pe.jpg)
![](https://i.imgur.com/wVwG9pe.jpg)
![](https://i.imgur.com/wVwG9pe.jpg)
![](https://i.imgur.com/wVwG9pe.jpg)