„Повторно на 0“ е изложба на афирмираната алпинистка и уметници Илира Арсова која вечер ќе биде отворена Младинскиот културен центар во Скопје, а воедно ќе биде промовирана и нејзината нова книга „Планинарење“.
Според Илина, пандемијата од вирусот Ковид 19 ненадејно го затекна светот, со огромен број на невини жртви, вондредна состојба која предизвика страв и несигурност, но од друга страна самоизолацијата и рестрикциите неретко беа и позитивно искористени, како на пример зближување со фамилијата, читање, пишување и убави филмови, разни вежби и медитација.
Додава дека враќањето од Антарктикот на самиот почеток од годината и завршувањето на мисијата седум врвови на седум континенти, го доживеала како огромно олеснување, истовремено како високо креативна храна за ликовното творештво.
Според Арсова, сликарството прочистено од боја и форма, го заокружи циклусот, враќајќи се до почетната точка на скица и цртеж.
-Ликовниот израз во последните години доби нови димензии преку нови современи практики. Како најсвеж концепт го заокружувам и перформансот НУЛА (ZERO), каде уметникот се претопи во ликовното дело, начнувајќи нови, подлабоки теми на истражување. Токму перформансот НУЛА (ZERO), на некој начин го повика, или предвиде новиот почеток, каде светот сериозно треба да размисли во која насока треба да го насочи својот нов почеток. Да заземе одговорна, само одржлива улога со поголема свесност и грижа кон природата или онаа лакомата, манипулативна, профитерска насока која веќе се докажа дека води кон само уништување, истакнува Арсова. (МИА)