На плоштадот „Св. Петар и Павле“ настапија многу музички ѕвезди од македонската естрада, а бројната публика од сите генерации уживаше во овие четири фестивалски денови.
Компанијата Зегин беше дел од 12-тото издание на Фестивалот на дувачки оркестри – Пехчево 2022, една од најреномираните културни манифестации во Малешевијата, која по 2 годишно паузирање повторно се одржа на радост на сите присутни.
По тој повод, во периодот од 13 до 16 јули на плоштадот „Св. Петар и Павле“ настапија многу реномирани музички ѕвезди од македонската естрада, а бројната публика од сите генерации уживаше во овие четири фестивалски денови.