Во рамки на фестивалот „Скопско лето“, вечер од 20.30 часот во Центарот за култура Кисела Вода – КВК кино ќе биде изведена претставата „Смртта на Дантон“ од Георг Бихнер во режија на Андреј Цветановски Претставата е продукција на ЈОУ Дом на култура КВК Скопје, во копродукција со Театар Фабрика.
– „Револуцијата ги јаде своите деца!“ – ова е најпознатиот цитат на драмата на големиот Бихнер. Во времето на национал-романтизмот еден млад студент да пишува за што се случува по Француската револуција е многу храбро и со ова драмско писмо Бихнер се соочува со многу критики, особено ако се земе предвид дека тоа е првата социјална револуција, наведува организаторот во најавата за претставата.
Во неа играат: Григор Јовановски, Дамјан Цветановски, Сергеј Димовски, Тони Денковски, Александар Михајловски, Ане Блажовски, Наталија Теодосиева, Марија Кондовска, Кристина Гиева. Сценограф и костимограф е Сергеј Светозарев, асистент на режија Борјан Стојков, Претставата ќе се одржи согласно со здравствените протоколи за одржување настани, а влезот е слободен.
На програмата „Кафе кино“, пак, од 20.30 часот во летното кино „Мирно лето“ на Кинотеката ќе биде прикажан шпанскиот филм „Збогум морони“, снимен во 2020 година по сценарио и режија на Алберт Дупонтел. Филмот му е посветен на Тери Џонс од легендарната екипа „Монти Пајтон“.