вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Култура

Промоција на „Македонска илутрирана енциклопедија за деца“ за деца на „Саем на книга“

Промоција на „Македонска илутрирана енциклопедија за деца“ за деца на „Саем на книга“

„Македонска илутрирана енциклопедија за деца“ од авторките м-р Ели Маказлиева, Татјана Грегова и Александра Велинова ќе биде промовирана на 7.5 (понеделник) во 10 и 30 часот, во рамки на 30-тиот по ред „Саем на книга“. Промотори на енциклопедијата се  проф. Д-р Христо Петрески и учениците од О.У. „Кузман Ј. Питу“ Општина Кисела Вода од Скопје и децата од градинката „13 Ноември“ од Скопје.

Во неа се обработени 39 тематски содржини кои даваат основни информации за Република Македонија, за нејзините убавини, како и позначајни податоци прилагодени на возраста на детето.

Оригиналните илустрации на неверојатен начин ги презентираат содржините како неизоставни елементи кои ќе го дооформат впечатокот на енциклопедијата.

Идејно-концепциската и содржинската структуираност од попросто кон посложено дава посебен белег за приемчивост и достапност за децата, дополнувајќи го дефицитот на литература од ваков вид кај нас и создавајќи драгоцен придонес во литературата за деца.

Рецензенти на енциклопедијата се  проф. д-р Татјана Котева – Мојсовска и проф. д-р Сузана Никодиновска – Банчотовска, двете професорки на Педагошкиот факултет, како и на д-р Христо Петрески, писател, поет, есеист и книжевен теоретичар.