сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Култура

„Реалисти“ во Струмица

„Реалисти“ во Струмица

Реалисти е пиеса која на духовит начин укажува на кризата на либералниот капитализам и на последиците од овој систем врз поединецот. Во претставата се инсистира на чист и едноставен актерски израз со силни емотивни состојби, кои на комичен начин го исмеваат современиот живот, преку кој барајќи ја перфекцијата, се убива емпатијата, љубовта и пред се човечноста. Таа а е глас за меѓусебно разбирање, кој треба да не обедини во реакцијата кон суштинските современи и универзални проблеми.

Автор на претставата е Јелена Кајго, режисер е Срѓан Јаниќијевиќ, а ќе настапат, Ивица Димитријевиќ – Грегор, Владимир Петровиќ – Предраг, Нина Деан Гачиќ – Соња, Ивана Павлаковиќ – Гордана и Стефан Вујисиќ – Ратко.

Претставата е во продукција на „Спона“ и че се одржи на 20 декември Народен Театар “антон Панов” – Струмица, а истата ќе биде изведена на српски јазик.

Билетите ќе се продаваат на билетарата на Народниот театар по симболична цена од 100 денари.