петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Култура

Свечена литија со иконата на Пресвета Богородица Брзопослушница во Струмица

Свечена литија со иконата на Пресвета Богородица Брзопослушница во Струмица
Тивериопол.мк

Четврти пат по ред Струмичката Православна Епархија организираше свечена литија со иконата на Пресвета Богородица Брзопослушничка низ улиците на Струмица.Таа синоќа беше изнесена од Црквата „Свети Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“ и пренесена во црквата „Свети Димитриј и Свети Григориј Палама“, од каде претпладне беше донесена на Плоштадот „Гоце Делчев“.

Пред поголем број верници и граѓани таму се одржа молитвословие, а во присуство на свештеници и граѓани, поздравно слово одржа Викарниот епископ Јаков Стобиски.

Струмица литија

-Христос е пламенот што таа го прими и не е изгорен и ја нарекуваме Мајка на Црквата заради тоа што ни овозможи да ја видиме таа тајна, туку да учествуваме во таа тајна и ние пламенот жив да го примаме во себе и со него да се причестуваме, а да не гориме туку да се обожувуваме, рече Епископот Јаков Стобиски.

Пред шест години, во втората недела од Великиот пост, посветена на Свети Григориј Палама, заштитникот на Струмичката епархија, иконата беше донесена во манастирот „Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“, Струмица, како подарок од братството на светогорскиот манастир Дохијар.