петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Култура

Викенд концерт „За секогаш во срцата“ со песните на Тоше и Аки во Битола

Викенд концерт „За секогаш во срцата“ со песните на Тоше и Аки во Битола

Националната установа Центар за култура-Битола приреди два викенд концерти посветени на Тоше Проески
и Аки Рахимовски.

Во големата сала на Центарот за култура, придружувани од Камерниот оркестар на Битола и под диригенство на Владимир Димовски, песните на Тоше и Аки ги пееја Каролина Гочева, Ламбе Алабаковски, Димитар Андоновски, Александра Јанева, Александар Тарабунов, Јана Бурчевска, Виктор Апостоловски, Нико Ѓоргиевски и Бојан Стојков, како и хорот на Државното музичко училиште од Битола.

-Најавата на концертот предизвика голем интерес и затоа наместо еден, организиравме два концерти. Влезниците за двата концерти беа распродадени за час и половина. Публиката уживаше, пееше и тагуваше за
Тоше и Аки. Концертите беа исполнети со многу емоции, и енергија која извираше од незборавните хитови на музичките ѕвезди, на Тоше и Аки кои често настапуваа во нашиот град, истакна Маја Андоновска Илијевски, директорка на НУ Центар за култура-Битола.

Културниот настан „За секогаш во срцата“ се одржа со поддршка на Министерството за култура.