Во МКЦ вечерва Александар Томовски ќе ја отвори својата изложба на уметнички фотографии „Зад кулисите“.
Томовски (1985 година, Скопје) е софтверски инженер преку ден, фотограф и филмаџија во слободното време. Низ годините учествува на многу престижни меѓународни натпревари и групни изложби во истакнати галерии, стекнувајки се со златни, сребрени, бронзени медали, почесни награди и дипломи.
Го паметиме по успесите на филмот „Парадокс“, кој се здоби со над 15 интернационални награди. Во септември го стекна и престижното звање: кандидат мајстор на фотографија при Националната фото унија на Македонија.