вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Култура

Заврши фестивалот на народна култура „Пображење“ во Вевчани

Заврши фестивалот на народна култура „Пображење“ во Вевчани

Со звуците на македонската чалгиска музика синоќа на анфитеатарот во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Вевчани заврши 12. издание на фестивал на народна култура „Пображење“.

Со целовечерен концерт се претставија членовите на музичката група „Чалгија мерак“, кои преку изведба на стари македонски песни и ора се претставија пред многубројната вевчанска публика, но и гостите.

Наградата „Чувари на традицијата”, како што соопшти организаторот, КУД „Дримкол“, му била доделена ДМБУЦ „Илија Николосвки – Луј“, насока за традиционална музика и игра.

Беше презентирано и ликовното дело од авторот Никола Угриноски, кој оваа година беше учесник во програмската содржина „Народната култура во Вевчани, инспирација за ликовните уметници”.

Фестивалот „Пображење“ се одржа под покровителство на Министерството за култура и општина Вевчани.