недела, 10. декември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

Машарипов демантираше дека одбил да му ја предаде седумката на Роналдо

Машарипов демантираше дека одбил да му ја предаде седумката на Роналдо

Фудбалерот на Ал Наср, Џалолидин Машарипов ги искоментира гласините објавени во некои медиуми во Саудиска Арабија дека одбил да му го даде бројот „7“ на Кристијано Роналдо.

– Роналдо доаѓа! Сега сè ќе биде поинаку. Кралот доаѓа! Утре после тренинг ќе имам фотографии со него на мојот инстаграм. Бројот на моите следбеници ќе надмине милион. Ќе се зголеми бројот на луѓе кои сакаат да ме заследат мене, но јас нема да прифатам ниту еден од нив. Кога бев млад ги гледав неговите натпревари. Никогаш не мислев дека ќе играм со него во ист тим. Вреди да се одбележи дека ми го зеде бројот „7“, изјави Машарипов.

Играчот подоцна ја разјасни целата ситуација.

– Информациите дека Роналдо ми го зеде бројот не е точна. Вчерашните изјави на Инстаграм треба да се третираат со хумор. Оние кои добро ме познаваат тоа веднаш го разбраа. Планови? Внимателно следете го Роналдо во Ал-Наср. Тој е еден од најдобрите играчи во своето време. Има многу работи што можете да ги научите од Кристијано, додаде Машарипов.