четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

Почнува имунизацијата со „Спутник V“, вакцини се уште само за здравствените работници

Почнува имунизацијата со „Спутник V“, вакцини се уште само за здравствените работници

Во поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје денеска почнува вакцинацијата против Ковид-19 со вакцината „Спутник V“. Во поликлиниката Букурешт, пак, почнува ревакцинацијата со вакцината на „Фајзер“.

Вакциналните пунктови и во двете поликлиники ќе работат во две смени, од 8 часот наутро до 20 часот навечер, од понеделник заклучно со сабота.

-Поради проширувањето на ковид капацитетите и актуелната состојба, вакцинацијата продолжува со здравствените работници кои се под висок ризик за добивање ковид инфекција, од сите институции во државата, соопшти Министерството за здравство.