четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

Премиер лигата ќе дозволи присуство и на гостински навивачи на стадионите

Премиер лигата ќе дозволи присуство и на гостински навивачи на стадионите

Од 17 мај, на навивачите во Англија ќе им биде дозволено да присуствуваат на стадионите на последните две кола од Премиер лигата.

Како што е планирано, до 10.000 навивачи ќе можат да ги следат натпреварите од последните две кола во Премиер лигата, во зависност од капацитетот на стадионот.

Според првичниот договор не е дозволено присуство на гостински навивачи, но медиумите од Англија денес пишуваат дека извршниот директор на Премиер лигата, Ричард Мастерс, ќе им предложи на клубовите мала измена.

Идејата на Мастерс е да се дозволи присуство до 500 навивачи на гостинската екипа, во последните две кола од шампионатот.