Манчестер Јунајтед денеска ги продолжи подготовките за дуелот од Лига Европа против Шериф, а Кристијано Роналдо одработил класичен тренинг со соиграчите.
Португалецот не беше во комбинација за дуелот со Челси како казна поради однесувањето на дуелот со Тотенхем, но менаџерот Ерик тен Хаг очигледно не сака да влезе во дополнителна конфронтација со првата ѕвезда на екипата.
Иако беше најавен состанок на кој двајцата ќе ја расчистуваат ситуцијата, „Скај Спортс“ пренесува дека менаџерот го оставил тоа што се случило зад себе и продолжува да работи со Роналдо и останатите соиграчи во пресрет на новите предизвици.
Соиграчите на Роналдо се на сличен став и се чини дека екипата на Јунајтед целосно ќе може да им се посвети на следните натпревари, кои се важни не само за европските дуели, туку и подобрувањето на пласманот во Премиер лигата.
На денешниот тренинг целосно работеле и Мегвае, Ван Бисака и Ван де Бек, кои имаа повреди изминатиот период.