сабота, 23. декември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

Српскиот пејач кој следниот месец ќе има концерт во Скопје доживеа сообраќајна несреќа – еве што остана од џипот (ФОТО)

Српскиот пејач кој следниот месец ќе има концерт во Скопје доживеа сообраќајна несреќа – еве што остана од џипот (ФОТО)

Пејачот Халид Бешлиќ доживеал сообраќајна несреќа на патот Шабац – Лозница, кај Лешница, дознава српски „Телеграф“.

Според извор од местото на настанот, пејачот доживеал сообраќајна незгода, која била пријавена во полициската управа во Шабац.

Foto: Žozi Infomedia, Zoran Milivojević

Сообраќајната патрола излегла на терен, односно на местото на несреќата и извршила увид, потврдија од полицијата за нивниот портал.

– Сè се случи брзо, кога полицијата дојде на местото на несреќата, Халид и лицето што учествувало во несреќата веќе пополниле европски извештај што се пополнува кога ќе се случи вакво нешто, изјавил расположениот Ранковиќ, локален жител кој случајно се нашол на лице место.

Инаку пејачот следниот месец ќе има свој голем концерт во нашиот главен град.