Фудбалерот на Манчестер Сити, Рахим Стерлинг, е прогласен за најдобар играч во Премиер лигата во ноември, е објавено на официјалната веб-страница на лигата.
На три натпревари минатиот месец, Стерлинг постигна три гола и оствари три асистенции.
За него ова е втора ваква награда, откако беше најдобар и за месец август.
Оваа сезона, 24-годишниот Стерлинг досега има одиграно 13 натпревари во шампионатот на Англија, постигнато осум гола и остварено шест асистенции.
МИА