Поранешниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер го советуваше својот сонародник, Зинедин Зидан да ја продолжи кариерата во Премиер лигата.
Зизу е без ангажман од крајот на минатата сезона, кога неочекувано го напушти Реал Мадрид, откако третпат го освои трофејот во Лигата на шампионите.
– Зошто да не? Ако сакаш да работиш на високо ниво, треба да го правиш тоа во Англија. Иако постојат многу прашалници поради Брегзит и главниот е дали Премиер лигата ќе ја сочува доминантната положба на финансиски план. Наскоро ќе дознаеме, прокоментира Венгер за „Беин Спортс“.
Според поранешниот менаџер на Арсенал, пред Зидан има два избора – или долгорочен проект, кој се развива етапно и постепено или подготвен клуб, со кој ќе се бори за титула и трофеи.
– Јас би ја избрал втората опција, истакна Венгер.
МИА