петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Манчестер сити постави рекорд во Премиер лигата

Манчестер сити постави рекорд во Премиер лигата

Актуелниот англиски фудбалски шампион Манчестер сити победи на секој домашен натпревар во 2023 година.

Избраниците на Пеп Гвардиола денеска го совладаа Брајтон (2:1) во 9. коло од Премиер лигата.

Последен пат Сити не победи на домашен терен на 31 декември 2022 година. Оттогаш победија на 21 натпревар одиграни на стадионот „Етихад“. Ова е рекордна серија за англиските тимови.

„Граѓаните“ следниот натпревар на домашен терен ќе го играат на 4 ноември – против Борнмаут.  (МИА)