сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

3,7 милиони починати во светот од коронавирус, Македонија меѓу најтешко погодените со смртни случаи на 100.000 жители

3,7 милиони починати во светот од коронавирус, Македонија меѓу најтешко погодените со смртни случаи на 100.000 жители

Како последица од коронавирус во светот починаа 3 милиони 739.777 лица, додека заболени се над 173 милиони, јавува Франс прес.

Бројот на официјално заболени не ја одразува реалната бројка на заболени бидејќи голем дел од земјите ги тестираат само пациентите на кои им е потребно болничко лекување.

САД е земјата која е најтешко погодена, по бројот на починати и заболени. САД бележи 597.952 смртни случаи и 33.378.146 заболени.

По САД, најпогодени се Бразил, Индија, Мексико и Перу.

Мешу најтешко погодените земју, Перу е земја го најголем број починати во однос на бројот на жители, со 566 на 100.000 жители. Следуваат Унгарија (309), БиХ (287), Чешка (282) и Македонија (262).

Латинска Америка и Карибите имаат 1.183.809 починати, Европа 1.144.324 починати, САД и Канада 623.696 починати, Азија 509.018 смртни случаи, Блискиот исток  145.255 починати, Африка 132.571 починат и Океанија 1.104 починати.

Најнови вести