понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Администраторите од ГОБ „8-ми Септември“ до Филипче: Први сме во контакт со ковид пациентите, заслужуваме и ние помош

Администраторите од ГОБ „8-ми Септември“ до Филипче: Први сме во контакт со ковид пациентите, заслужуваме и ние помош

Администраторите вработени во ГОБ „8ми Септември“ – Скопје бараат од министерот за здравство Венко Филипче да бидат вклучени во четвртиот пакет за еднократна помош за сите здравствени работници и соработници вклучени во работата со Ковид-19 пациенти.

-Ние како дел од оваа болница, која веќе 9 месеци е ковид центар и ги прифаќа и работи со сите Ковид-19 суспектни и позитивни случаеви во државата, а сме први во контакт со тие пациенти, сметаме дека заслужуваме и треба да добиеме еднократна помош како и сите останати во болницата. Голем дел од нас се заразија на работното место, а нашата работа беше извршувана без застој и со ограничен број на луѓе, без можност да користиме годишен одмор и боледување, се вели во барањето на администраторите.

Тие се повикуваат на наредбата која ја има донесено директорот на болница со кои административните работници активно се вклучуваат во ковид борбата.

-Извадок од Наредбата 17-8060/1 од 24.11.2020 година издадена од Министерството за здравство на Р.С.Македонија, врз основа на која нашиот директор ја има донесено наредбата: “Административните работници во болницата да се вклучат и да учествуваат во извршувањето на посебните и редовните задачи во врска со давање на административни услуги за овозможување и давање на здравствени услуги на пациентите болни од заразната болест COVID-19.” а потоа и “Секое непостапување по оваа наредба и одбивање за извршување на работна задача ќе претставува дисциплински престап и истото ќе биде соодветно санкционирано“, стои во барањето на административците.

 

Најнови вести