Новинарот кој прв ја обелодени аферата „Рекет“, Бранко Героски, синоќа беше гостин во емисијата на Јанко Илковски.
Во врска со албанскиот фактор, Героски истакна дека Али Ахмети ќе го повтори гамбитот, односно она што го направи со Никола Груевски.
-Кој е виновен што Никола Груевски не е премиер освен Никола Груевски самиот? Али Ахмети. Чашата на трпението на Али Ахмети почна да се прелева уште во 2010 година. Ахмети во политиката го нарекуваат стар чекалец. Тој ќе чека, ќе трпи, а не се глупави луѓето, знаат дека Ел Чека е само извршител, а изворот на тој токсичен материјал не е во Вашингтон, тој е во Скопје, бомбите се тука направени и од тука потекнуваат. И не очекувајте дека албанскиот фактор тоа така ќе го заборави и ќе го прости, зашто во албанската заедница изнесувањето на валканиот веш од приватна, интимна природа има посебна тежина. Кај нас може и да пројде, но кај Албанците тоа е поинаку, многу подевастирачки. Ликовите кои беа спомнувани во бомбите пред Ел Чека денеска не постојат на албанската политичка сцена, тие се тргнати преку ноќ. Каде е Муса Џафери, сте чуле нешто за него? Не постои. За тие жртви фактурата ќе стаса еден ден на масата на оној за кој Али Ахмети ќе се убеди или ќе помисли дека оттаму тргнале бомбите, рече Героски.