четврток, 25. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Ахмети од Сарај ги повика жителите да гласаат за Шилегов: Од тие договори Албанците имаат придобивки

Ахмети од Сарај ги повика жителите да гласаат за Шилегов: Од тие договори Албанците имаат придобивки

Демократската унија за интеграција вечерва на централниот изборен митинг во скопски Сарај, ја претстави листата на општински советници за оваа општина и градот Скопје, како и нивниот кандидат, актуелниот градоначалник Блерим Беџети за нов четри годишен мандат, пренесува „Слободен печат“.

Во својот говор пред жителите на Сарај, лидерот на ДУИ повика покрај кандидатот на ДУИ, Блерим Беџети и листите за советници, да се гласа и кандидатот на коалицискиот партнер, кандидатот на СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ за град Скопје, Петре Шилегов.

„Имаме договор, договори што ни донесоа придобивки како Албанци. Имаме договор за поддршка на кандидатот на нашиот коалициски партнер, Петре Шилегов, кој работеше и не беше оптоварен и ова го потврди и Блерим, и Чаир, дека нема предрасуди. За мене најголемата пречка е кога ќе забележам дека некој има предрасуди и има оптоварувања. Такво нешто не е забележано кај него и би ве замолил да го поддржете за градоначалник на Скопје, рече Ахмети, пренесува „Слободен печат“.

Најнови вести