сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ахмети се согласи Заев да си оди од Владата

Ахмети се согласи Заев да си оди од Владата

И Али Ахмети, лидерот на ДУИ, нема против Зоран Заев наредниве денови да ја активира оставката на функцијата премиер, дознава Слободен Печат.

Доказ за тоа беше присуството на Димитар Ковачевски, новиот претседател на СДСМ (наследник на Заев) на денешната средба на владините партнери Заев и Ахмети.

Се очекува Заев на средбата да го информира Ахмети дека иднава недела ќе замине од Владата и дека формирањето на новата влада се очекува до 15 јануари, како и тоа лидерот на ДУИ да се запознае со Ковачевски и да му го честита изборот за претседател на СДСМ.

Како што  дознава Слободен Печат, Ковачевски, како иден мандатар, е во тек за спорот со Бугарија, дека е стабилно владејачкото мнозинство, така што повеќе нема пречки Заев да поднесе оставка, односно да остане на функцијата до средината на јануари за кога е најавен изборот на новата влада.

Потсетуваме, Ахмети претходно се спротивставуваше на оставката на Заев од премиерската функција со образложение дека Македонија е пред сериозни и внатрешни и надворешнополитички предизвици.

Најнови вести