сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Албанија денес доби 192.000 вакцини, Босна 55.000, Македонија – НУЛА!

Албанија денес доби 192.000 вакцини, Босна 55.000, Македонија – НУЛА!

Премиерот на Албанија, Еди Рама на социјалната мрежа Фејсбук се пофали дека обезбедил 1 милион кинески вакцини.

-Обезбедивме милион вакцини, пола милион треба да пристигнат во наредните дена, а денеска во Тирана пристигнуваат 192.000 дози, стои во објавата на Рама.

Тој моментално е во посета на Турција, а на Фејсбук објави и видео додека вакцините се товараат.

24.300 дози вакцини од Фајзер преку програмата Ковакс денеска пристигнаа во Сараево.

Првиот контингент вакцини против ковид-19, нарачан од Босна и Херцеговина (БиХ) преку механизмот КОВАКС, денеска пристигна на меѓународниот аеродром во Сараево. Станува збор за 23.400 дози вакцини од Фајзер.Бионтек, а во текот на денот се планира испорака на 26.400 дози вакцини од АстраЗенека, кои ќе пристигнат со авион од Истанбул, околу 20 часот, соопшти Министерството за цивилни работи на БиХ.

Албанија денес доби 192.000 вакцини, Босна 55.000. Колку доби Македонија? НУЛА!

Македонските граѓани уште ќе чекаат во страв за сопственото здравје. Очигледно, само нашата Влада не е способна да набави вакцини, оставајќи го народот на милост и немилост од коронавирусот.

 

Најнови вести