петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

АНАЛИЗА: Сака Ли Бранко Црвенковски Со 27 Април Да Го Бутне Зоран Заев Од Власт?!

АНАЛИЗА: Сака Ли Бранко Црвенковски Со 27 Април Да Го Бутне Зоран Заев Од Власт?!

Повеќе од 2 недели македонската јавност ја брануваат неколку важни политички случувања.

Првото е што ВМРО-ДПМНЕ сака да ги „воскресне“ случувањата од 27 април 2017 година, кога поголема група на луѓе влезе во Собранието и изврши насилство врз тогашната опозиција, а беа претепани и поголема група пратеници.

Подоцна овој настан доби судска разрешница, а на обвинетите им се судеше по член 313 од ЗКП, Терористичко загрозување на уставниот поредот и безбедноста.

Вкупната казна на обвинетите беше повеќе од 200 години, на што ВМРО-ДПМНЕ изминатиов период сака да издејствува судењето за овие настани да се повтори, а на овие луѓе да им се суди за насилство, а не за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Лидерот на партијата, Мицкоски во едно интервју кажа дека во Собранието имало насилство и дека тој во свое и име на партијата го осудува, но дека квалификацијата за ова дело е престрога.

Владејачката СДСМ има спротивно мислење како и дека ова судење не смее да се повтори, бидејќи според нив за тоа одлука носи судот, а судот веќе ја изрече пресудата.

Второто случување доста интересно. На македонската политичка сцена актуелен стана екс претседателот на СДСМ и државата, Бранко Црвенковски.

Црвенковски стана актуелен, откако актуелниот претседател на СДСМ, Зоран Заев, реши да расчисти со неговите кадри во партијата.

Зоран Заев, пред околу еден месец, откако доби нов мандат во партијата и дал до знаење на Радмила Шекеринска дека за неа повеќе нема место во високите структури на СДСМ.

Шекеринска тоа го изведе на еден елегантен начин, соопштуваќи во јавноста дека не планира повторно да се кандидира за позицијата заменик претседател.

Ваквиот потег на Зоран Заев го вклучи црвениот аларм кај Црвенковски, бидејќи Радмила Шекеринска беше неговите очи, уши и уста во СДСМ.

„Стариот волк“ добро ја познава политичката сцена во Македонија, па свесен за потезите на Заев, решил да стапи на сцената.

Решил да стапи на сцената преку Стево Пендаровски?!

Од случувањата на 27 април па се до пред неколку дена, Пендаровски го делеше мислењето на СДСМ околу пресудитие односно Пендаровски се додека не почувствува „закана“ од Заев молчеше и мирно го одработуваше претседателскиот мандат.

Во моментот кога Зоран Заев почна да расчистува со кадрите на Црвенковски во СДСМ, Стево Пендаровски го промени вордингот, па во едно негово интервју даде идентична изјава за 27 април како лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Но што се крие зад овие негови изјави?

„Јас не мислам воопшто дека луѓето кои влегоа внатре се терористи, дури и оние кои физички напаѓаа луѓе. Тие што физички напаѓаа луѓе си ги заслужуваат казните кои ги добија. Оние кои само влегле во зградата на собранието не можеш да кажеш дека се терористи. Во овој момент јас поддржувам преотворање на процес, ако и големо ако има нови докази, нови сведоци кои ќе го осветлат настанот од друг аспект кој ќе покаже дека не е баш така како што било докажано на првото судење, можеме да разговараме за тоа“, рече Пендаровски.

Вчера неколку дена по неговото интервју, Пендаровски добил повик од Мицкоски и веќе за утре закажана е средба помеѓу нив.

ВМРО-ДПМНЕ околу една година го имаше замрзнато односот со претседателот Пендаровски. 

Дали изјавите на Пендаровски овозможуваат ВМРО-ДПМНЕ да издејствува повторување на судењето или пак е трик на Црвенковски?

Доколку ВМРО-ДПМНЕ успее да овозможи повторување на судењето за случувањата на 27 април ќе го зацврсти „тврдокорното“ крило на партијата, а ќе успее да врати и дел од членовите кои поради овие случувања на некој начин изгубија доверба во партијата, а лидерот Мицкоски значително ќе го зголеми својот рејтинг.

Но, што доколку ова е трик на Бранко Црвенсковски? Што доколку Црвенковски сака преку Стево Пендаровски да му испрати порака на Зоран Заев?

Па така со ова одмрзнување на односите на релацијата Пендаровски – ВМРО-ДПМНЕ и нивната средба може да биде порака за Зоран Заев дека Црвенковски му е лут и дека Заев мора да се „спушти“ на земја.

Информациите дека Бранко Црвенковски ќе формира нова политичка партија, а таа ќе се вика „Социјалдемократска иднина“ се само обични шпекулации.

Зошто?

Затоа што Бранко Црвенковски веќе ги виде судбините на Љубчо Георгиевски и Љубе Бошковски, Бранко Црвенковски не ја прави нивната грешка, Црвенковски е искусен политичар, а искусен политичар учи на туѓите грешки не на своите.

Тој ќе дејствува во сенка, а истурен играч во ситуацијава ќе му биде Стево Пендаровски.

„Битката“ помеѓу Црвенковски и Заев официјално е започната, „Стариот волк“ нема толку лесно да му го препушти тронот на струмичкиот „кмет“.

Пендаровски в петок ќе се сретне со Мицкоски… можна ли е набрзо средба помеѓу Зоран Заев и Бранко Црвенковски?

 

Р.З

Најнови вести