среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Беким Сали си оди од министерската позиција? Во септември најавена мини реконструкција во дел од владините сектори

Беким Сали си оди од министерската позиција? Во септември најавена мини реконструкција во дел од владините сектори

Мини реконструкција во некои владини сектори како и промена на директорски места во дел од здравствените институции се најавува за во септември, објавува Фактор.

Изворите на Фактор посочуваат дека е можно СДСМ да го враќа ресорот здравство, а како можни имиња за министер повторно се споменуваат истите кога се случуваше последната промена во Министерството за здравство. Тоа се актуелните директорки на Клиниката за пластична хирургија и Инфективната клиника, односно д-р Софија Пејкова и д-р Милена Стевановиќ, како и актуелниот директор на ГОБ „8 Септември“, д-р Христијан Костов.

-Се најавува мала реконструкција. Неофицијално, она што се зборува во овие кругови е дека министерот за здравство Беким Сали повеќе не ја сака функцијата. Дали СДСМ ќе го врати Министерството за здравство се уште е неизвесно, а имињата кои се споменуваат за евентуален наследник на Сали, доколку се случи таа мини реконструкција и доколку овој сектор припадне на СДСМ, се д-р Софија Пејкова, директорката на Клиниката за пластична хирургија, потоа д-р Милена Стевановиќ, директорката на Клиниката за инфективни болести, и директорот на ГОБ „8 Септември“, д-р Христијан Костов. Секако, сите овие информации се неофицијални и пред се зависат од разговорите меѓу највисоките раководства на коалициските партнери. Можно е да нема ништо од сето ова, зошто во здравството веќе се почнати низа проекти кои треба да се завршат и да бидат оставени на актуелниот министер да ги заврши. На пример, отворањето на поликлиниката Сарај, која е од огромно значење за пациентите во тој дел на градот, како и отворањето на низа амбуланти. Ќе видиме како ќе течат работите, септември е на прагот, вели изворот на Фактор.

Целиот текст може да го прочитате ТУКА.

Најнови вести