понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Беќаровски до Комисијата: Ревидирајте ја бесмислената одлука, 45-те дена заменете ги со логичните 9-12 месеци

Беќаровски до Комисијата: Ревидирајте ја бесмислената одлука, 45-те дена заменете ги со логичните 9-12 месеци

Доктор Нико Беќаровски преку социјалните мрежи ги повика членовите на Комисијата за заразни болести да ревидираат дел од одлуките за новите мерки.

Почитувани колеги, членови на здравствената комисија, ве замолувам:

– На првиот состанок ревидирајте ја бесмисленоста на одлуката ЗА ВИСТИНСКИ ПРЕЛЕЖАНИТЕ ОД КОВИД-19 и 45 дена заменете ги со логичните 9-12 месеци.

Тие луѓе веќе поминаа една голгота, ИМААТ ИМУНИТЕТ и не ги терајте со сила во прегратките на антиваксерските промотори.

-Одлуката еден ден по прва доза да се имаат сите права е медицински и епидемиолошки неиздржана и е погрешен начин за стимулација на вакцинацијата, пишува докторот на Фејсбук.

Беќаровски им порача на колегите да останат тоа што најдобро го знаат ДОКТОРИ, а не политиканти.

Најнови вести