понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Бројот на асимптоматски случаи секојдневно расте, откриени 50 новозаболени лица без симптоми

Бројот на асимптоматски случаи секојдневно расте, откриени 50 новозаболени лица без симптоми

Со новиот бран на коронавирус во Македонија се зголеми и бројот на лица кои се позитивни на вирусот, но немаат симптоми.

Податоците од Институтот за јавно здравје велат дека за 24 часа, бројот на асимптоматски случаи во земјава е зголемен за 48 лица.

До 1. јуни во Македонија биле регистрирани вкупно 791 случај на коронавирус кај лица кои немале симптоми на вирусот.

Веќе следниот ден, на 2-ри јуни, вкупниот број на асимптоматски случаи на Ковид-19 изнесува 830 лица.

Податоците објавени вчера, а кои се однесуваат за состојбата во Македонија со коронавирус за 3-ти јуни, говорат дека во земјава има 878 лица кои се позитивни на вирусот, а немаат симптоми.

Најнови вести