Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Црна Гора забрани увоз и транзит на пратки на живи домашни и диви свињи, месо и производи од домашни и диви свињи од некои делови на Србија и Македонија.
Тамошното министерство соопштило дека областите Пирот, Зајечар, Бор, Браничево и Подунавље се на списокот на делови од Србија од кои е забранет увозот, пренесува подгорички „Вијести“.
Од Министерството за земјоделство потврдиле дека е забранет увозот на свињи поради африканската свинска чума.
Забраната се однесува и на други земји, вклучувајќи ги Кина, Русија и Украина, Индија, Филипините, Индонезија, Нигерија, Намибија, Замбија, Виетнам, Јужна Африка, Брегот на Слоновата Коска, Кенија и Лаос.