недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ЦРНА СТАТИСТИКА ЗА МАКЕДОНИЈА: Ние сме на 5-то место во светот по стапката на смртност од Ковид-19

ЦРНА СТАТИСТИКА ЗА МАКЕДОНИЈА: Ние сме на 5-то место во светот по стапката на смртност од Ковид-19

Бројките на починати како последица на коронавирусот и понатаму се двоцифрени и загрижувачки. Само во последните седум дена регистрирани се 208 смртни случаи. Двоцифрен број на починати се очекува и во наредниот период пред се поради високите бројки на новозаболени кои се меѓу 800 и илјада дневно. Според податоците на сајтот „Ворлдметер“ Македонија е на четврто место во Европа по стапката на смртност на 1 милион жители а пред нас се Гибралтар, Босна и Херцеговина и Унгарија, пренесе ТЕЛМА.

Во светски рамки Македонија е на петто место  а највисока стапка на смртност во светот има Перу.

Во првите шест месеци од оваа година почина 14.421 лице што е за повеќе од третина споредено со истиот период минатата година кога, според државниот завод за статистика регистрирани се 10.165 смртни случаи.

Според официјалните податоци на министерството за здравство, од почетокот на годинава, заклучно со вчера регистрирани се 3.454 смртни случаи каде последица е коронавирусот.

Четвра година по ред во Македонија бројките на починати се зголемуваат.

Во 2020 година, кога и се прогласи пандемијата на Ковид – 19, во државата се регистрирани 25.775 починати или 26 отсто повеќе споредено со 2019 година. По месеци гледано најмногу починати има во ноември 3.847, во екот на вториот бран.

Најчеста причина за смртта и минатата година се кардиоваскуларните болести со 41,6 отсто, потоа се неоплазмите со 15,2 отсто а на трето место е коронавирусот кој е причина за смртта кај 11 отсто починатите минатата година.

Во 2019 година, според статистика, починале 20.446 граѓани. Најмногу смртни случаи се регистрирани во јануари – 2.027.  Повторно кај повеќе од половина од починатите причина за смртта се болести на кардиоваскуларниот систем. Потоа следуваат тумори со 18,6 отсто и метаболичните болести до 4,6 отсто, пренесе Телма.

Најнови вести