четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Д-р Пановски вели дека со Омикрон варијантата за шест месеци на пандемијата ќе и дојде крај: Прашањето е каков ќе биде тој крај?

Д-р Пановски вели дека со Омикрон варијантата за шест месеци на пандемијата ќе и дојде крај: Прашањето е каков ќе биде тој крај?

По детектирањето на првиот случај на сојот Омикрон во Македонија, лекарите апелираат на претпазливост. Иако првичните укажувања се дека Омикрон варијантата на коронавирусот е послаба од претходната Делта, епидемиолозите сепак предупредуваат дека тој се шири многу побрзо. Во пресрет на новогодишните празници, тие повикуваат да се избегнуваат групирања и алармираат дека е неопходно да се воведат одредени ограничувања за влез во земјата, со цел да се забави ширењето на вирусот.

– Брзото ширење на Омикрон варијантата ќе доведе до крај на пандемијата во рок од шест месеци. Прашање е каков ќе биде тој крај? Тоа зависи од тоа колку оваа варијанта ќе биде вирулентна, вели микробиологот д-р Никола Пановски за ДВ.

Според него, се знае дека овој сој не дава потешка форма на болеста, но прашање е дали и колку предизвикува полесна форма на болеста и намалена смртност.

– Ако се повтори нешто слично како во ЈАР, тогаш ќе имаме крај на пандемијата со многу случаи, но со малку починати. Се разбира ова зависи и од процентот на вакцинација, почитување на мерките, оптoвареноста на болниците и.т.н. По шест месеци ќе имаме сезонска форма на болеста, најчесто со клиничка слика на настинка, укажува Пановски.

Најнови вести