понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Дали Заев и Ципрас ќе потпишат договор за името во Преспа? Нема ЕУ и НАТО!

Како што јавуваат весниците во Грција, ние како држава не би влегле во НАТО. Она што се подготвува е почеток на скрининг процес, без датум за почеток на преговорите.
Дали Заев и Ципрас ќе потпишат договор за името во Преспа? Нема ЕУ и НАТО!

Додека од македонската страна владее молк за преговорите, грчките весници на големо пишуваат што Заев и Ципрас се договараат за нашето уставно име.

Доколку има договор, тој ќе биде потпишан во Преспа.

Како што јавуваат весниците во Грција, ние како држава не би влегле во НАТО. Она што се подготвува е почеток на скрининг процес, без датум за почеток на преговорите.

Македонскиот премиер колку и да бега од одговори, не може тоа да го прави уште долго, а детали веќе почнаа да излегуваат на виделина.

Она што го пласираат медиумите кај нашиот јужен сосед е дека сигурно ќе има промена на македонскиот Устав.

Тоа што Заев и Ципрас го ставиле на маса е решение за името со географска одредница, а според медиумите, во игра влегува и националноста.

За сите овие тврдења, нема потврда од македонската страна.

Најнови вести