понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Денешен: Судиите во процесите на СЈО почнаа да фалсификуваат записници

Денешен: Судиите во процесите на СЈО почнаа да фалсификуваат записници

Судиите во процесите на СЈО отидоа до таа мерка, што почнаа да ги фалсификуваат записниците, со правење измени што кажале адвокатите и неправедно обвинетите, објавува Денешен повикувајќи се на изјави на дел од адвокатите.

Имено, во неколку од случаите, одбраната и обвинетите забележале сериозни остапувања на она што го добиваат на хартија како записник кој никој не го потпишува, и она што било кажано во судницата и снимено од камерата.

Како што во повеќе наврати дел од адвокатите говореа, во судницата веќе не се знае кој е судија, а кој е обвинител, бидејќи судиите со сета сила и знаење се посветени да им помогнат на обвинителите од СЈО, па се спуштиле на тоа ниво да ги фалсификуваат записниците.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека секој чекор на судиите внимателно се следи и бележи. Уредно се води евиденција за прекршувањата кои ги прави секој судија поединечно.

Сега не се поднесуваат претставки до судскиот совет, бидејќи како и целиот судско обвинителски систем и Судскиот совет е под закана и уцена, и каков и доказ да му се презентира ќе го отфрлат за да спречат казна врз себе од страна на СДСМ.

Но, од ВМРО-ДПМНЕ велат, дека ова време брзо ќе помине, и политичката реалност ќе се промени, а со тоа и заробеноста на судството од страна на СДСМ. Потребни се реформи, и владеење на законите и тогаш секој судија кој подлегнал на притисоци, уцени, закања или партиски лобирања, и при тоа постапил нечесно и незаконски ќе мора да се сноси одговорност.

Судиите отидоа и до таму што за да се заштитат себе од нерегуларностите кои ги прават, спротивно на закон, престанаа да ги снимаат рочиштата на начин на кој се гледаат и самите тие и обвинителите од СЈО, туку на снимката се гледаат само обвинетите и нивните адвокати. Ова се смета за сериозен прекршок на закон исто како и измените во записниците, спротивно на реално кажаното.

Новинарите, кои знаат како се водат судски процеси во развиените земји, како на пример судските процеси во Хаг, кои често се следеа на нашите телевизиски екрани, се фрапирани од она штого гледаат како однесување на судиите во случаите на СЈО. Од работење на работата на обвинителите, преку прашување на обвинителите за тоа како судиите да постапат кога адвокатите нешто ќе предложат, па викање, повишен тон, до ниво на хистерично врескање во судницата, недавање на збор на адвокатите и обвинетите или пак нелогично ограничување на збор на 1 минута, одбивање на редица законски барања на одбраната, крајно пристрасно и навивачко водење на процесите во поддршка на СЈО. Тука секако не може да изостане и држењето на обвинетите и по 12 часа во судница што никогаш претходно не се случило во македонското и поранешнотојугословенско, а уште помалку европско судство, исцрпување на обвинетите со долгочасовни процеси, закажувања рочишта секој ден без давање фер шанса за нивна подготовка, е само дел од листата на срамен однос на судиите во Македонија.

Измените во законите кои се носат деновиве во рамките на реформските приорите не решаваат ништо од ова.

Никола Груевски изјави дека проблемот е во главите на политичарите од власта и судиите, а не во законите. Се работи за ментален склоп на страв и потчинетост на судиите кон извршната власт кој не само што не е подобрен, туку во последната година има драматично влошување.

Најнови вести