петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Детална временска прогноза за следната недела: Утре пороен дожд и грмежи, особено внимавајте што не очекува од среда

Детална временска прогноза за следната недела: Утре пороен дожд и грмежи, особено внимавајте што не очекува од среда

Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне нестабилно, со локален дожд и грмежи. Ќе дува повремено засилен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 18 степени, а дневната температура од 18 до 32 степени. УВ-индексот ќе изнесува седум.

Во Скопје слично време, претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне нестабилно, со локален дожд и грмежи. Ќе дува повремено засилен северен ветер. Утринската температура ќе достигне до 16, а дневната до 29 степени.

Во понеделник ќе дува засилен ветер и повеќе нестабилно ќе е кон западот, со пороен дожд, грмежи и северен ветер. Во вторник се очекува условите за нестабилност да се помали, а во среда и четврток да биде претежно сончево со мала до умерена облачност. Дневните температури ќе бидат во пораст, освен во вторник кога времето ќе е за неколку степени посвежо.

Утринските температури ќе се движат од 11 до 18 степени, а дневните температури од 18 до 32 степени.

Најнови вести