Времето до четврток ќе биде променливо облачно, посвежо и нестабилно, на повеќе места во попладневните и вечерните часови со пороен дожд и грмежи.
Ккао што соопшти УХМР, локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град.
Во петок и за време на викендот ќе преовладува сончево време со пораст на дневната температура, а попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.