петок, 12. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

До петок облачно и свежо време со повремен локален дожд, следува викенд со сонце и повисоки температури

До петок облачно и свежо време со повремен локален дожд, следува викенд со сонце и повисоки температури

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи од 6 до 14 степени, а дневната од 12 до 20 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во Скопје утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Утринската температура ќе достигне до 12 степени, а дневната до 18 степени.

До петок ќе преовладува променливо облачно и свежо време со повремен локален дожд. Во четврток попладне и кон крајот на денот локално ќе има услови врнежите да бидат поројни. Од сабота следува период на стабилно време со пораст на дневната температура, информираат од УХМР.

Најнови вести