Бројот на заразени како последица на лудите журки по охридските плажи се искачи на 15, потврдуваат за Канал 5 од Центарот за јавно здравје.
Оттаму велат дека од околу педесетина нови случаи во изминатите два дена, 15 информирале дека биле во Охрид.
Се работи за тинејџери и млади лица на околу 20 години. Засега сите се со лесна клиничка слика, со ниска температура, главоболки, а некои имаат и пролив.
Здравствените власти велат дека има и млади лица кои се заразени откако биле и во другите туристички центри низ земјава, како Дојран Струга и Преспа.