петок, 2. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

ДУИ бара Заев да ја повлече оставката, Груби вели дека одлуката била избрзана

ДУИ бара Заев да ја повлече оставката, Груби вели дека одлуката била избрзана

Вицепремиерот Артан Груби, во отсуство на лидерот Али Ахмети кој ја славел победата во Кичево, учествувал на состанокот на коалиционите партнери на СДСМ придружуван од министрите Бујар Османи и Фатмир Бесими.

Тие  дале недвосмислена поддршка за коалицијата и за продолжување на реформската агенда на Владата.

-Сите партнери кои учествуваат во Владата беа апсолутно против оставката на Зоран Заев зошто сметаат дека беше избрзана и дека граѓаните очекуваат да продолжи со политиките, рече Груби.

Тој дообјасни дека ова се локални, а не парламентарни избори, дека добиле мандат да ја водат земјата на евроатлантскиот курс и дека сите сметаат дека само оваа влада може да ги реши проблемите со Бугарија, да го гарантира Преспанскиот договор, да ги гарантира меѓуетничките односи и да обезбеди напредок во евроинтеграцијата.

-Не смееме да си дозволиме авантури во вие кршливи моменти за државата, рече Груби јасно порачувајќи дека бараат Заев да ја повлече оставката. На државата, рече тој, не и треба нестрабилност и несигурност.

Најнови вести