среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ЕДНО ГОДИШНО БЕБЕ ПОЧИНАЛО ОД КОРОНАВИРУС – Институтот за јавно здравје со детали за трагедијата во Македонија!

ЕДНО ГОДИШНО БЕБЕ ПОЧИНАЛО ОД КОРОНАВИРУС – Институтот за јавно здравје со детали за трагедијата во Македонија!

Институтот за јавно здравје информира дека во денешната ковид статистика во однос на починатите лица пронајдени од регистарот, пријавено е дете на една годишна возраст починато на 29.11.2021. Според податоците добиени од Клиниката за детски болести, станува збор за дете кое престојува во дом за деца без родители во Битола .

Истото повеќекратно наназад било хоспитализирано на КДБ поради компликации во склоп на основните заболувања :

Остеохондродисплазија , Епилепсија , Хидроцефалус, Малнутриција, Дилатациона кардиомиопатија.

До денот на последната хоспитализација , детето е хоспитализирано во Клиничка болница Битола каде поради долнореспираторен инфект е лекувано од 15.11.2021 до 24.11.2021 кога поради влошување на општата состојба и добиен позитивен тест на Ковид 19 , е упатено во ИБЗД Козле.

По аплицирана терапија и неможност да се одговори на тежината на клиничката слика на детето кое е со континуирано ниска кислородна сатурација од 64% , а во претходен договор , од ИБЗД Козле детето се префрла на Клиника за детски болести како институција од терцијарен карактер, за понатамошен третман и соодветно лекување.

Интензивниот мониторинг и лекување на детето во единица ургентен центар кое од денот на прием е на механичка вентилација, се одвива од 24.11.2021 до 29.11.2021 година , кога и покрај сите превземени дејствија за лекување и реанимација , завршува летално.

Најнови вести