понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ексклузивно: Немири во ДУИ, се судрија Хазби Лика и Бујар Османи

Ексклузивно: Немири во ДУИ, се судрија Хазби Лика и Бујар Османи

Партиски извори за „Газета Лајм“ велат дека во ДУИ има големи немири и расправии.

Според овие извори кои сакаат да останат анонимни, судирот се случил меѓу вицепремиерите Хазби Лика и Бујар Османи.

Причина за оваа расправија, се вели дека се неуспешните политики на Османи во областа на евроинтеграциите и неговата тенденција овој неуспех да го покрие мешајќи се во други области кои не се во негова надлежност, нешто што му сметало на Хазби Лика.

Овие информации официјално не се потврдени од ДУИ, а изворите не откриваат која страна во оваа „расправија“ ја зазеде претседателот на партијата, Али Ахмети.

Најнови вести