четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ЕУ со 510 милиони евра помош за Хрватска за работните места, Заев и Димитров велат не ни треба помош

ЕУ со 510 милиони евра помош за Хрватска за работните места, Заев и Димитров велат не ни треба помош

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен преку Твитер денеска соопшти дека Хрватска добива поддршка од Европската унија во време на пандемија.

Оваа поддршка доаѓа откако претходно речиси цела Европа и регионот меѓу кои Албанија, Србија и Црна Гора добија пари од ЕУ за борба против коронавирусот, додека македонските власти не испратиле конечна апликација, а Заев и Димитров во јавноста тврдеа дека не ни треба нам помош.

Хрватска денеска прими 510 милиони евра во облик на позајмица од SURE инструментот за поддршка на фирмите и осигурување на работните места во време на пандемија, пишуваа таа.

Во нејзиниот пост претседателката на ЕК вели дека оваа програма нуди и скратено работно време во Хрватска со што ќе ја поддржат земјата со 1 милијарда евра.

-Европа е со вас, додаде таа.

Најнови вести