среда, 6. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Еве какво време не’ очекува неделава, за викендот најавен дожд

Еве какво време не’ очекува неделава, за викендот најавен дожд

Во текот на оваа седмица ќе се задржи променливо облачно време, наутро наместа со појава на магла. Ќе дува претежно јужен ветер, а утринските температури насекаде ќе се задржат позитивни.

Во среда и четврток наутро наместа ќе биде со појава на магла, во текот на денот променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринска магла најавуваат од УХМР за в петок. Во текот на денот променливо облачно со слаб до умерен ветер претежно од јужен правец кој вдолж Повардарието ќе засилува.

За време на викендот се очекуваат врнежи од дожд.

Најнови вести