вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Филипче го празни Здравствен дом Скопје, вработените ги прати да вакцинираат во модуларната болница кај Инфективна

Филипче го празни Здравствен дом Скопје, вработените ги прати да вакцинираат во модуларната болница кај Инфективна

Доктори и вработени во лабаратории од амбулантите и поликлините во рамки на Здравствен дом Скопје ги вакцинираат медицинските лица кои беа во првата борбена линија со КОВИД-19. Целиот процес на вакцинација се одвива во модуларната болница при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Сето ова го потврдија извори од здравството кои посочија дека за да го изведат процесот на вакцинирање поминале еднодневна обука.

-Работам во здравствен дом повеќе од дваестина години. Вчера додека бевме на работа ни беше посочено дека од нашиот здравствен дома се формирани два тима од лекари и вработени во лабараторија и истите од денеска ќе бидеме регрутирани во модуларната болница на клиника. Ние и претходно бевме регрутирани и по другите ковид центри. Исто така ни беше посочено дека тука ќе работиме околу два месеци, ни раскажа вработена во една од амбулантите , а која веќе работи на вакцинирањето.

Во државата започна процесот на вакцинирање каде е планирано вакцинирање на 260 здравствени работници и планирано е целиот здравствен персонал кој што е пријавен да биде вакциниран.

За потсетување Македонија првата доза на вакцини ја доби во саботата како донација од Србија и изнесуваше 4.680 вакцини. Истите вакцини кои ги доби државата беа произвдоство на „Фајзер“.

Најнови вести