четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Филипче и здравствениот систем потфрлија – Прогнозираа пик од 2.000 заразени, за денеска да бројат 1.600 починати

Филипче и здравствениот систем потфрлија – Прогнозираа пик од 2.000 заразени, за денеска да бројат 1.600 починати

Надлежните се поочигледно е дека не се справија соодветно со корона вирусот и ја изгубија контролата врз истиот, а особено со тешко болните лица кои кои што за жал завршуваат во ковид центрите низ Македонија, а поради негрижата и неодговорноста на властите голем број од нив ја загубија битката со оваа тешка болест.

Дека состојбата е излезена од контрола говори и фактот што процентот за заразени со корона вирус во однос на направени тестирања дневно е многу висок. Имено, изминатата недела во период од 16 ноември до 22 ноември во Македонија вкупно биле направени 19.664 тестирања, од кои за жал речиси скоро половината од нив биле позитивни, односно позитивни на Ковид-19 биле регистрирани дури 7.486 лица.

Според податоците на ИЈЗ во истиот период, во текот на една седница, животот како последица од корона вирус го загубиле дури 204 лица. А доколку се додаде бројката на новозаболени и починати во изминатите неколку денови, и покрај укажувањата на министерот Филипче дека се е под контрола, повторно се доаѓа до уште една висока пројка со која се потврдува фактот дека надлежните ја немаат контролата врз вирусот и истиот забрзано се шири меѓу граѓаните.

Заклучно со вчера, односно според последниот извештај на министерството за здраство од направени 3349 тестирања, регистрирани се 1288 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-570, Куманово-57, Дебар-8, Штип-44, Прилеп-78, Тетово-56, Струга-28, Велес-32, Битола-53, Охрид-30, Кавадарци-30, Гостивар-85, Гевгелија-21, Струмица-34, Крива Паланка-5, Радовиш-13, Крушево-1, Кочани-28, Пробиштип-10, Демир Хисар-7, Македонски Брод -3, Берово-3, Валандово-2, Виница-11, Делчево-9, Кратово-3, Свети Николе-12, Кичево-22, Ресен-11, Неготино-22.

И додека секојдневно преку медиумите Филишче ги убедува граѓаните дека состојбата наводно е под контрола заклучно со вчерашниот извештај на ИЈЗ како последица од коронавирусот животот го загубија дури 39 лица, а Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 57.451, бројката на оздравени пациенти е 34.970, на починати е 1600, а бројот на активни случаи изнесува 20881.

Заклучно со вчера, според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 25228, активни 10130
• Куманово 3541, активни 939
• Дебар 438, активни 87
• Штип 2510, активни 526
• Прилеп 2766, активни 1021
• Тетово 3638, активни 965
• Струга 1334, активни 406
• Велес 1812, активни 711
• Битола 1813, активни 808
• Охрид 1460, активни 597
• Кавадарци 1109, активни 432
• Гостивар 2296, активни 862
• Гевгелија 693, активни 229 (50 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 126 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 1598, активни 580
• Крива Паланка 402, активни 120
• Радовиш 407, активни 125
• Крушево 116, активни 70
• Кочани 1187, активни 307
• Пробиштип 336, активни 74
• Демир Хисар 185, активни 83
• Македонски Брод 151, активни 34
• Пехчево 95, активни 25
• Берово 339, активни 92
• Валандово 196, активни 71
• Виница 359, активни 174
• Делчево 415, активни 184 (114 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 148, активни 63
• Свети Николе 770, активни 212
• Кичево 1178, активни 492
• Ресен 424, активни 173
• Неготино 507, активни 289 (56 лице од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија), стои во вчерашниот извештај на ИЈЗ.

Филимче место да се фати за работа и заедно со сите надлежни да покажи грижа за својот народ, тој избра да тера ПР и политика во корист на власта, притоа оставајќи го народот сам да се снаоѓа во овие тешки времиња.

Несериозноста на Филипче и институциите дозволија да стигнеме на ова дреџе, кога во здраствените установи и ковид центри нема кревети за лекување на заболените од Ковид-19.

Министерот за здраство, Венко Филипче пролета прогнозираше дека пикот на заразени од корона ќе биде до 2.000 лица, за денеска, а заклучно со вчера да броиме 1.600 починати. Ова не претставува ништо друго, освен несериозност и неодговорност од страна надлежните, а особено на Филипче и неговата Комисија за заразни болести.

Најнови вести