понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ФОТО: 37 години ЕСЗ „Тигар“

ФОТО: 37 години ЕСЗ „Тигар“

Полициската Единица за специјални задачи „Тигар“ денес одбележа 37 години од своето формирање.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски истакна дека почнувајќи од 1981, па до денес, оваа единица е гарант на безбедноста и сигурноста на државата и најзините граѓани. Составена е од високопрофилирани професионалци, кои воспоставија строги критериуми и дисциплина за нејзиното дејствување.

Тој истакна дека „Тигрите“, се тивките, но едни од најсилните механизми за заштита, подготвени да дејствуваат во непредвидливи ситуации, со исклучително висок ризик по сопствениот живот.

Командантот на ЕСЗ Митко Доневски нагласи дека да се биде припадник на Единицата е огромна чест и гордост, но уште поголема обврска и одговорност.

– Свесни за значењето и улогата на оваа Единица, чувствувам должност да упатам порака дека ЕСЗ ќе остане високо обучена, мотивирана и професионална формација, која во соработка со останатите субјекти во системот на одбраната и безбедноста, ќе продолжи по секоја цена да го чува мирот, безбедноста и спокојот на граѓаните на Република Македонија, заклучи Доневски.

При одбележувањето Денот на формирањето на Единицата, им беше оддадена почит со едноминутен молк на загинатите припадници на ЕСЗ и беше положено цвеќе пред споменикот.

Најнови вести