среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ФОТО: Додека целата јавност гледаше ракомет пред малите екрани, функционерите на СДСМ гледаа од трибините?

ФОТО: Додека целата јавност гледаше ракомет пред малите екрани, функционерите на СДСМ гледаа од трибините?

Синоќа во третиот натпревар од квалификациите за ЕП 2022, во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје падна светскиот шампион Данска. Иако натпреварот се играше без публика, сепак дел од функционерите на СДСМ се решија истиот да го гледаат во живо од трибините во спортскиот центар.

Полицискиот час и празни трибини, но за кого како. Цела ракометна јавност синоќа следеше ракомет пред телевизорите, но едно „друштво“ ракометарите ги гледаше во живо, на трибините. И секако, не им беше проблем да се пофалат на социјалните мрежи.

За ова реагираше народот на социјалните мрежи, а ние ќе издвоиме една од нив.

–Ако сте заборавиле, Чомбе, или директорот на ЗОО Ѓорѓи Галетановски, дослесно ги „политуваше“ и карантините пред една година и со личен пример ја поддржуваше политиката што ја спроведува неговата СДСМ: Не ме гледај што правам, слушај што ти забранувам. Пратеникот Каевски, градоначалникот на К.Вода-Темелковски, директорот на ЗОО-Чомбе, директорот на Затвор Шутка-Сокол. Како бе вака????? Ако не си функционер ќе гледаш на ТВ? Кој ви дозволи да гледате во сала? Зошто вие гледате од сала, а јас на ТВ?????, коментира на Твитер корисникот со име Скопјанецот.

Најнови вести